Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Времето денес ќе биде сончево и топло со мала облачност и умерен југозападен ветер, повеќе изразен во западните делови. УВ-индексот ќе изнесува 6. Утринската температура ќе се движи од 8 до 15, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 26 до 35 Целзиусови степени.
Времето во Скопје ќе биде сончево и топло со слаб до умерен југозападен ветер. Температурите од 14 степени минимална и 33 степени максимална.
В среда ќе дува засилен југозападен ветер, а ќе има и повремени врнежи од дожд со појава на ретки грмежи. В четврток времето ќе биде променливо облачно и мошне свежо со слаб локален дожд и умерен северозападен ветер.
Дневната температура значително ќе опадне, и тоа за 10 до 12 степени. В петок и за време на викендот времето ќе биде стабилно и свежо со ниски утрински температури.