Вторничка временска прогноза


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Седмиот ден од месец јуни во Македонија носи сончево време со мала до умерена облачност.

Од пладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност проследена со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, претежно во западните и јужните делови. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17, а максималната ќе достигне од 22 до 31 Целзиусов степен.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне 30 степени. Маврово 22, Охрид 27, Битола 28, Крива Паланка 27, Берово 25, Кавадарци 31, Дојран 30.

До петок ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина воден талог), силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град. Дневната температура до ќе биде во опаѓање.

И во Скопската Котлина ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, повремено во форма на невреме.