Вторничка временска прогноза


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Денешниот десетти ден од месец мај во Македонија претпладне носи сончево и топло време со мала до умерена облачност. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 16 до 27 Целзиусови степени.

Во Скопје, претпладне сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 25 степени. Маврово 16, Охрид 20, Битола 23, Крива Паланка 22, Берово 21, Кавадарци 26, Дојран 27.

Утре ќе преовладува сончево и потопло време, во попладневните часови со ретка појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Понестабилно време се очекува во сабота.