Home Актуелно Вторничка временска прогноза

Вторничка временска прогноза

Денеска, вторник, 14. септември, времето во Македонија ќе биде сончево со мала локална облачност, претежно во планинските региони. Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер кој во пределот од кумановско до штипско краткотрајно ќе засилува. Дневните температури ќе се движат од 24 до 35 Целзиусови степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно сончево со слаб до умерен северен ветер, со максимална температура до 32 степени. Маврово 24, Охрид 28, Битола 30, Крива Паланка 28, Берово 25, Кавадарци 33, Дојран 35.

Во наредните денови следува период на значително топло време за овој период од годината, а кон крајот на работната недела ќе се зголемат условите за појава на нестабилност и пороен дожд проследен со засилен ветер.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…