Home Актуелно Вторничка временска прогноза

Вторничка временска прогноза

Денеска, вторник, 15. јуни, времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, најизразен долж Повардарието.

Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 26 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен северен ветер. Дневната температура ќе достигне до 24 степени.

Како што прогнозира УХМР, утре изутрина ќе биде посвежо, а преку денот ќе биде променливо облачно и особено долж Повардарието ќе засилува северен ветер.

Од четврток температурите ќе бидат значително повисоки и ќе има услови за појава на нестабилност во попладневните часови.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…