Home Актуелно Вторничка временска прогноза

Вторничка временска прогноза

Денес, 3 ноември, времето во Македонија ќе биде променливо облачно, во источните делови со услови за слаб локален дожд.

Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12, а максималната ќе достигне од 15 до 21 Целзиусов степен.

Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 18 степени. Маврово 15, Охрид 18, Битола 20, Крива Паланка 15, Берово 16, Кавадарци 20, Дојран 21.

Утре ќе биде умерено до значително облачно со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Дневната температура до среда ќе биде без поголеми промени, а од четврток ќе се намали за неколку степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…