Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Вториот ден од јуни во Македонија носи сончево време со мала до умерена облачност. Oд пладневните часови ќе има појава на локални врнежи од дожд, повремено поројни проследени со грмежи. Ќе дува умерен до засилен претежно северен ветер, најизразен долж Повардарието.
Утринската температура ќе се движи од 5 до 14 степени, а дневната температура од 14 до 25 Целзиусови степени.
Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а од пладневните часови облачноста ќе се зголеми и ќе има појава на локални врнежи од дожд, повремено со пороен инатензитет. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец кој краткотрајно ќе засилува.
Утринската температура ќе достигне до 11 степени, а дневната температура до 22 степени.
Во Маврово 14, Охрид 18, Битола 22, Крива Паланка 18, Берово 17, Кавадарци 24, Дојран 25.
Од среда следува период на потопло време, краткотрајно ќе е постабилно, но ќе има изолирана појава на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.