Вторничка временска прогноза


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


И денес, како и претходните денови, времето во Македонија ќе биде умерено облачно и топло.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен вдолж Повардарието. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и услови за изолирана појава на град. УВ индексот ќе биде 7.

Дневните температури ќе достигнат во Скопје 30 Целзиусови степени, Маврово 25, Охрид 26, Битола 30, Крива Паланка и Берово 28, Кавадарци 30 и Дојран 31.

Од утре нѐ очекува променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневните температури ќе се движат од 23 до 28 степени.

Облачно, посвежо и ветровито со повремени врнежи од дожд ќе биде до четврток, а од петок времето ќе се стабилизира.