Вторничка временска прогноза


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Денес, вторник, 10 март, во Македонија ќе имаме променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег.

Попладне врнежите ќе престануваат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен вдолж Повардарието.

Утринската температура ќе се движи од минус два до седум, а дневната температура од четири до 12 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе достигне до пет степени, а дневната температура до девет степени. Во Маврово 4, Охрид 8, Битола 9, Крива Паланка 6, Берово 5, Кавадарци 11, Дојран 12.

Од утре времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Дневните температури ќе се движат од 9 до 19 степени.