Актуелно

Вторничка временска прогноза

Метеоролошките прогнози за денес во Македонија најавуваат сончево време во претпладневните часови на истокот, а кон запад појава на мала до умерена облачност.

Попладне облачноста ќе се зголеми, а на крајниот запад ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд со ретки грмежи. Попладне на север краткотрајно ќе засилува северен ветер. Утринската температура ќе се движи од 8 до 17, а дневната од 28 до 36 Целзиусови степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер кој краткотрајно попладне ќе засилува. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе достигне до 33 степени.

До четврток ќе биде претежно стабилно и суво. Од петок ќе има зголемена облачност, повремен локален дожд, а дневните температури ќе бележат постепено опаѓање.

Advertisements
To Top