Вторничка временска прогноза


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Во Македонија денес, претпладне, ќе имаме сончево и топло време. Во попладневните часови ќе има услови за локална појава на пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за изолирана појава на град и засилен ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе се движи од од 12 до 19, а максималната од 28 до 36 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер, попладне со услови за локален пороен дожд и грмежи. Температурата ќе достигне од 18 до 31 степен.

Под влијание на влажна, посвежа и нестабилна воздушна маса во среда времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. На повеќе места врнежите ќе бидат пообилни, над 30 литри на метар квадратен, локално во форма на невреме со појава на град и силен ветер. Заради северниот ветер ќе има пад на температурите за 6 до 8 степени.