Вторничка временска прогноза


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Денес, вторник, 25 јуни, во Македонија ќе имаме сончево време со умерена облачност, а попладне развој на нестабилни временски услови со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме.

Ќе дува умерен североисточен ветер. Дневните температури ќе се движат од 23 до 34 Целзиусови степени.

Во Скопје слично време, претпладне сончево со умерена облачност, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи. Дневната температура ќе се искачи до 31 степен, во Маврово 23, Охрид 28, Битола 29, Кавадарци 32, Крива Паланка и Берово 27, Дојран 34.

И утре во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на град.

Од четврток времето ќе биде претежно сончево, а в петок со умерен до засилен северен ветер.