Вторничка декемвриска временска прогноза


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Овој декемвриски вторник времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Претпладне ќе има појава на магла по одделни котлини. Попладне облачноста од запад ќе се зголемува и ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во текот на ноќта кон среда ќе има врнежи од дожд.

Утринската температура ќе се движи од минус 2 до 3, а дневната од 9 до 15 Целзиусови степени.

Во Скопје, сончево со умерена облачност, претпладне со услови за магла. До крајот на денот значително облачно. Утринската температура ќе се спушти до 1, а дневната ќе достигне до 12 степени. Маврово 6, Охрид 11, Битола и Крива Паланка 10, Берово и Кавадарци 12, Дојран 15.

Во среда повторно ќе биде облачно со пообилни и на места поројни врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Ќе дува и умерен до засилен југоисточен ветер. Потоа, во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег.