Вториот спот од ’80-те години кој на YouTube надмина една милијарда прегледи


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Спотот за познатиот хит „Take On Me“ на норвешкото поп трио „А-ха“, објавен во 1985 година, кој беше поставен на YouTube во јануари 2010 година, надмина една милијарда прегледи.

Годинава видеото имаше околу 480,000 прегледи во еден ден, изјавија од ЈуТјуб за Си-Ен-Ен.

Групата објави добра вест на својот профил на Твитер, со нова маица за да го одбележи настанот.

Ова видео освои шест MTV Music Awards во 1986 година и беше номиниран за омилен поп/рок спот на Американските музички награди.

Само уште едно видео од 80-тите години достигна милијарда прегледи – спотот на Guns N ‘Roses „Sweet Child O’ Mine”, кое се прикажува на YouTube од Божиќ 2009 година.