Вториот човек кој стапна на Месечината, Баз Олдрин, им опна тужба на своите деца


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Американскиот астронауот Баз Олдрин ги тужи своите две деца и нивната бивша деловна менаџерка бидејќи наводно му украле пари, но и за клевета бидејќи говорат дека боледува од деменција.

Тужбата која беше објавена во понеделникот, е поднесена на Флорида, една недела откако неговиот син и неговата ќерка побарале контрола над неговите финанси. Членовите од неговото семејство пред судот изјавиле дека на Баз му е потребен законски старател бидејќи „когнитивно опаѓа“, пренесува ВВС.

88-годишниот Олдрин е вториот човек кој зачекори по површината од Месечината. Тој во тужбата тврди дека синот, ќерката и бившата менаџерка Кристина Корп му ги подривале „личните романтични врски“ забранувајќи му да се жени.

Претходно овој месец, неговите деца Ендру Олдрин (60) и Џенис Олдрин (60) пред судот тврдеа дека нивниот татко почнал да се поврзува со нови пријатели кои сакале да го отуѓат од сопственото семејство. Исто така, изјавиле дека тој троши пари „со загрижувачка брзина“.

Тужбата која ја поднесе Баз тврди дека неговиот син и госпоѓа Корп неправилно презеле контрола врз неговите финансии – вклучително и врз милиони долари вредните „вселенски меморабили“ и „вселенски артефакти“. Додава дека тоа го направиле за лично богатење.

Освен тоа, Баз тврди дека со години го клеветеле дека страда од деменција и Алцхајмерова болест. Својот син го обвинува за искористување на постаро лице „свесно и преку измама или заплашување“, одземајќи му го имотот, а ќерката за измама и „не постапување во негов финансиски интерес“.

Неговиот најстар син не е вклучен во тужбата. Експерт за психичко здравје назначен од страна на судот подоцна оваа недела ќе ја процени психичката состојба на Олдрин.

Баз Олдрин беше член на посадата од мисијата Аполо 11, која во 1969 година стана првата мисија во која луѓе успешно слетаа и стапнаа на Месечината. Олдрин последниве години стана силен заговорник за колонизација на Марс.