Втора најопасна секс поза: 10 нешта кои можеби не сте ги знаеле за „doggy style“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ако прашате некој маж која му е омилена поза во сексот, голема е веројатноста дека како од топ ќе испука: Doggy style. Или во краен случај, таа ќе му биде во топ три секс пози.

Причината зошто таа поза е толку популарна лежи во фактот дека не потсетува на животински секс, див и незауздан, притоа нудејќи им на мажите можност за поголема доминација и контрола во сексуалното уживање.

Еве некои факти кои можеби не сте ги знаеле за веројатно една од планетарно најпопуларните и најобожавани секс пози.

1. Doggy style е една од најпребаруваните секс пози на Google

Истражувањето кое го направи сајтот AskMen, наведува Cosmopolitan, покажува дека „кучешката поза“ е најгуглана во Америка. Не сме сигурни дали е така затоа што е толку популарна или пак, многумина уште ја сметаат за предизвик.

2. Таа е втора најопасна поза во сексот

Прва поза по опасност е кога жената е горе, бидејќи при сексот во таа поза често доаѓа до „скршеници“ на пенисот, додека на второ место по опасност е doggy. Дури 28 насто од мажите, тврди истражувањето направено од Универзитетот Кампинас во Бразил, потврдиле дека фрактурите на половиот орган ги здобиле во оваа поза. Но, тоа не е знак за паника, бидејќи пенисот не се „крши“ така лесно.

3. Doggy не е единствениот начин за секс одзади

Оваа секс поза, во суштина, е дел од цело „семејство“ пози за пенетрација одназад, во кое спаѓаат и каубојката на спротивна страна, froggy стилот или спуштениот doggy. Ете, ако класичниот Doggy ви е малку повеќе незгоден, пробајте некоја друга поза од споменатите.

4. „Кучешката поза“ е многу стара секс поза

Старите народи од најстари времиња имале полови односи во оваа поза, вклучително и Старите Грци и Римјаните. Дури и римскиот филозоф Лукретиј препорачува doggy стил за полесно зачнување.

5. Многу песни пеат за doggy позата

Или поточно, 1.600 песни се посветени на оваа секс поза, тврди Genius. Некои од нив се P.I.M.P од 50 Cent, The Bad Touch од The Bloodhound Ganga и Back That Thing Up од Џастин Мур.

6. Ако те боли за време на сексот во doggy style, има и други опции

Оваа секс поза овозможува доста длабока пенетрација, односно допирање на грлото од матката, што за некои жени е болно. Во таков случај, девојката треба да му каже на партнерот да забави со акцијата и да не влегува толку длабоко во неа, или пак да пробаат лежечка doggy која е нешто поудобна.

7. Наречена е по кучињата, но ја практикуваат и многу други животни

Не се парат само кучињата на тој начин, туку и коњите, слоновите, камилите, говедата, жирафите и многу други животни.

8. …додека некои воопшто не

Делфините, китовите и пајаците не се парат на таков начин, а приматите и шимпанзата баш и не ја обожаваат многу оваа поза.

9. Не е резервирана само за вагинален секс

Doggy е одлична поза и за анален секс, а не само за вагинална пенетрација.

10. На многу мажи им е омилена поза

Да, мажите најчесто ја преферираат оваа поза поради тоа што им овозможува контрола и длабочина во пенетрацијата, а ја сметаат и за подива секс поза.