Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Втора група бегалци од Авганистан се очекува попладнево да пристигнат на Меѓународниот аеродром во Скопје, откако минатиот месец Талибанците ја соборија владата во Кабул поддржана од Западот.
Како што соопшти македонската Влада, Авганистанците после 16 часот ќе пристигнат на аеродромот во Скопје.
Првата група од 149 луѓе пристигнаа на 31 август, а станува збор за лица што работеле во меѓународни организации.
Првата група Авганистанци пристигна во Скопје, трудница итно однесена во болница
Авганистанците во земјава ќе останат привремено додека не заминат во САД или во трета земја како нивна крајна дестинација, информираше Владата.
Трошокот на сместување е на САД и на меѓународните органиозации во кои работат.
Десетици илјади Авганистанци, плашејќи се од одмазда и репресија, ја напуштија земјата откако Талибанците ја преземаа власта во земјата.