Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Партиите денеска продолжуваат со предизборната кампања за промовирање на своите програми на митинзи и средби со граѓани.
Според најавите од партиите, по централните собири на двете најголеми партии од македонскиот политички блок одржани синоќа , владејачката ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи митинзи во Ресен (17.30 часот) и во Струга (20.00 часот), а опозициската СДСМ денеска кампањата ја продолжува во скопско Драчево (16.30 часот), Кисела Вода (17.30 часот) и Аеродром, пред платото на ТЦ Бисер (19.00 часот).
Владејачката Демократска унија за интеграција (ДУИ) ќе ја промовира платформата на Скопски саем, во бизнис салата (12.00 часот), а опозициската ДПА ќе одржи митинг во село Црнилиште (18.00 часот).
Коалицијата за промени и правда ќе одржи прес-конференција пред седиштето на Специјалното јавно обвинителство (14.00 часот), по што вечер ќе одржи митинг во Велес во библиотеката Гоце Делчев (18.00 часот), а коалицијата ВМРО за Македонија најави трибина во Охрид, во Домот на културата Григор Прличев во 19 часот.