ВТА: Ѓорческа напредуваше 12 позиции, Серена се врати на врвот


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Серена Вилијамс со освоената титула на Австралија Опен се врати на челната позиција на ВТА листата. Осовјувачката на рекордни 23 грен слем трофеи во опен ерата, на првата позиција ја мина Анжелик Кербер.

На најновата ВТА листа најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа го бележи својот најдобар пласман, таа се наоѓа на 192-то место.

Ѓорческа на Австралија Опен мина две рунди во квалификациите и во однос на претходното рангирање напредување за 12 позиции и сега се наоѓа на 192-то место.

ВТА, Топ 10:
1.Серена Вилијамс (САД) 7.780
2. Анжелик Кербер (Германија) 7.115
3. Каролина Плишкова (Чешка) 5.270
4. Симона Халеп (Романија) 5.073
5. Доминика Цибулкова (Словачка) 4.985
6. Агњешка Радванска (Полска) 4.915
7. Гарбиње Мугуруса (Шпанија) 4.720
8. Светлана Кузњецова (Русија) 3.915
9. Медисон Киз (САД) 3.897
10. Џоана Конта (Велика Британија) 3.705.