Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Дека природата сама по себе е вистинско чудо и божественост говори и личниот случај на астронаутот Кели и неговиот престој во вселената.
Гените на американскиот астронаут Скот Кели делумно се измениле после едногодишен престој во вселената, потврдуваат од НАСА. Седум отсто од неговите гени не се вратиле во состојбата во која биле пред заминувањето на долгата мисија.
Скот и неговиот близнак брат Марк Кели, исто така астронаут, биле субјекти на истражување, чија цел била да се утврди што точно се случува со телото по една година помината во вселената.
What? My DNA changed by 7%! Who knew? I just learned about it in this article. This could be good news! I no longer have to call @ShuttleCDRKelly my identical twin brother anymore. https://t.co/6idMFtu7l5
— Scott Kelly (@StationCDRKelly) March 10, 2018
Скот на Меѓународната вселенска станица останал од март 2015 година до март 2016 година, а за тоа време Марк бил на Земјата. Тоа била воедно и последната мисија на Скот, кој во текот на неговата кариера минал 520 дена во вселената.
Истражувачите го проучиле престојот на Скот во вселената со психолошките и физиолошките страни споредувајќи ги резултати со тие од неговиот брат, кој останал на Земјата.
Десет тима ги претставиле прелиминарните резултати минатата година, а оваа година тие беа потврдени. Поради престојот во вселената, гените на Скот претрпеле промени поради недостиг на кислород, чести воспалителни процеси и изненадувачки промени во внесувањето хранливи материи. Повеќето од промените се поправиле по враќањето на Земјата.