Врз руската амбасада во Атина фрлена рачна бомба


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Утрово врз рускиот конзулат во Атина била фрлена граната која експлодирала, но за среќа нема повредени во инцидентот, пренесува „Катимерини“. Предизвикана е само помала материјална штета.

Бомбата ја фрлило лице кое поминало пред зградата со мотор. Квартот кадешто се наоѓа конзулатот, во предградието на Атина, итно бил затворел и специјалните тимови за детонирање на бомби биле испратени на местото на инцидентот, изјавија од полицијата.

Нападот се случи околу 4 часот утрово по локално време, кога рускиот конзулат бил затворен. Полицијата се обиде да утврди дали акцијата е поврзана со мотоциклот кој подоцна бил принајден запален во центарот на Атина.