Вртоглаво скап стил: Меланија во капут од чија цена „боли глава“


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Кога ќе се спомене моменталната Прва дама на САД, Меланија Трамп, првите асоцијации кои паѓаат на памет се одличен моден вкус, фантастичен стил и опасно скапи модни дизајнерски парчиња облека кои станаа нејзина одлика.

Убавата сопруга на американскиот претседател Доналд Трамп, за Денот на благодарноста се појави во капут во три бои од модната куќа Dior кој чини вистинско мало богатство.

Капутот од есенската колекција на Диор за 2018 година, дело на Марија Грација Чиури вреди 9 000 долари.

Луксузот на нејзината модна комбинација не запрел само на капутот, Меланија носи и чизми на високи потпетици од брендот Кристијан Лабутин.