Вртоглави суми: Еве колку заработува YouTube од реклами


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Досега не беше достапна информацијата колкави приходи има една од најпознатите видео платформи на светот, познатата YouTube.

Во изминатите три месеци, „YouTube“ оствари 5 милијарди долари приходи од реклами, открива „Alphabet“.

„Alphabet“, под чие покровителство се „Google“ и „YouТube“, го напиша ова во својот извештај за четвртиот квартал.

Патем, ова е прв извештај од компанијата, откако Сундар Пичаи стана извршен директор на „Alphabet“.

За прв пат по скоро 15 години, поточно, откако „Google“ ја купи „YT“, е откриено колку „YouTube“ има заработено. На годишна основа, „YouTube“ приходи од оствари 15 милијарди долари, што е околу десет проценти од вкупната заработка на „Alphabet“.

Со тоа приходите од реклами на „YouTube“ се околу една петтина од оние на „Facebook“, но, на пример, се шест пати поголеми од услугата за стримирање на игри на „Amazon“, „Тwitch“.

Во својот извештај, „Alphabet“ објави дека „YouTube“ има повеќе од 20 милиони претплатници на својата врвна услуга без реклами, како и повеќе од два милиони корисници на нејзиниот платен ТВ сервис.

Компанијата ги класифицира приходите од овие услуги под категоријата други приходи, што ги вклучува нивните мобилни телефони и паметни звучници. Инаку, „Alphabet“ оствари 86 милијарди долари.