Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Откако на улиците во Каракас, главниот град на Венецуела, имаше судири меѓу поддржувачите на опозицискиот лидер Гуаидо и венецуелската војска контролирана од актуелниот претседател Мадуро, во кои беше повредено 71 лице, цените на нафтата ја надминаа границата од 73 долари на меѓународните пазари, пренесува Фактор.
До скок на цените дојде откако лидерот на венецуелската опозиција Хуан Гваидо ја повикал војската да го поддржи падот на претседателот Николас Мадуро.
На лондонскиот пазар цената на барелот пораснала за 1,12 долари во однос на претходниот ден и изнесувала 73,16 долари, додека на американскиот пазар барелот се тргувал за 1,17 долари повисока цена, или за 64,63 долари.
Извозот на нафта од Венецуела веќе е значајно ограничен со американските санкции и економска криза.
Истовремено, саудискиот министер за енергетика Калид ал Фалих, изјавил дека координираното намалување на производството на ОПЕК и групата независни произведувачи можело да биде продолжено до крајот на годината.
Според важечкиот договор, снабдевањето би требало да се намалува за 1,2 милиони барели дневно до крајот на јуни.
Саудиската порака сигнализира одбивање на повикот на американскиот претседател Доналд Трамп до ОПЕК производството да се згоелми како би се надоместил намалениот извоз од Иран и би се спуштиле цените.
Иранскиот извоз е намален поради американските санкции кои се заострени со укинувањето на санкции на големите купувачи на иранска нафта.
По жестоките судири во Каракас, Гуаидо од непозната локација им се обрати на своите поддржувачи.
„Денес Мадуро ја нема поддршката од војската“, тврди Гуаидо во двеминутното видео снимено на непозната локација. „На Први мај ја продолжуваме борбата на улиците на целата земја“.
Додаде дека ова што се случува не е државен удар, туку „мирољубив бунт“ против режимот кој се плаши да го покаже своето лице на народот на Венецуела.
Тој додаде дека и жителите на Венецуела сега имаат шанса да се изборат за својата иднина. „Цела Венецуела мора да биде на улиците“, заклучува тој во видеото.
Откако на интернет се појави обраќањето на Гуаидо, се јави и Мадуро, кој кажа дека пучот е поразен, пренесува Гардијан.
Мадуро за време на обраќањето беше опкружен со политичари и воени лица. Тој кажа дека обидот на Гуаидо за пуч е поразен и побара аплауз за, како што кажа, храбрата војска.
Кажа и дека Венецуела никогаш нема да им се предаде на „империјалистичките сили“.
Felicito a los profesionales de nuestra #FANB por la actitud firme, leal, valiente y de enorme sabiduría con la que derrotaron la escaramuza golpista que pretendió llenar de violencia a Venezuela, el pueblo les reconoce por ese esfuerzo digno y subordinado a la Constitución. pic.twitter.com/59BxHnyvgR
— Nicolás Maduro (@NicolasMaduro) May 1, 2019
Министерот за одбрана на Венецуела Владимир Падрино Лопез предупреди дека војската ќе примени сила доколку биде потребно откако беа објавени снимки како опозициски поддржувачи тргнуваат кон претседателската палата во Каракас.
„Секој кој насилно дојде до претседателската палата Мирафлорес насилно ќе биде и поразен“, кажа Падрино во телевизиско обраќање кое, како што пренесува Раша тудеј, е своевидно предупредување до толпата која се упатила кон палатата.
Тој кажа и дека го смета опозицискиот лидер Хуан Гуаидо, кој ја повика војската на бунт и уривање на претседателот Николас Мадуро, за одговрен за секоја евентуална смрт на улиците, истворемено обвинувајќи ги противниците на власта дека „сакаат крвопролевање“.
Во своето обраќањ Мадуро во еден момент праша: „Што сакаат, воена битка? Дали тоа користи на Венецуела, на демократијата и мирот?“