Вртоглав пад од 50 проценти на заработката на „Самсунг“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Технолошкиот гигант „Самсунг“ објави пад на оперативниот профит од високи 56 проценти во вториот квартал од оваа година. Падот на заработката, како што изјавија, се должи на слабиот пазар на мемориски чипови.

Финансискиот извештај покажа дека оперативната добивка падна на 6.600 милијарди вони (5,6 милијарди американски долари) во периодот од април до јуни.

Резултатите на „Самсунг“, водечки светски бренд за паметни телефони и мемориски чипови, беа незначително повисоки од прогнозата што компанијата ја објави минатиот месец.

Тие резултати ја изразуваат “неизвесноста, не само во деловните области, туку и во промените на глобалното макроекономско опкружување“, се наведува во соопштението од „Самсунг“.

Јапонија планира утре да ја отстрани Јужна Кореја од списокот на земји што добиле повластен трговски третман.