Врховен суд – последна надеж на Сеад Кочан за да не оди во затвор


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Од страна на адвокатскиот тим кој го брани Сеад Кочан во веќе затворениот случај „Труст“, до Врховниот суд е поднесено барање за вонредно преиспитување на пресудата за случајот на СЈО или нејзино одложување, иако сопственикот на „Трансмет“ веќе има упатно решение да се пријави за издржување на затворска казна од четири години и осум месеци во Идризово.

Оваа информација за 1ТВ ја потврдија од Кривичниот суд од каде што велат дека барањето ќе го препратат до Врховниот суд.за надлежно одлучување по изјавениот правен лек.

Кочан е осуден правосилно затоа што со лажни документи учествувал на тендер за ископување јеловина за РЕК Битола вреден 17 милиони евра, а сега за истата сума се бара конфискација на имот во рамки на истата пресуда.