Врховен го укина домашниот притвор за Камчев и Панделески


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Врховниот суд им ги укина притоврските мерки на бизнисмените Јордан Камчев и Цветан Панделески, како и на Ненад Јосифовиќ, тројцата осомничени во истрага на СЈО „Империја“. Тие од денес можат да се бранат од слобода.

Тројцата излегуваат од домашен притвор, по одлуката на Врховниот суд со која ги прифати жалбите на осомничените.Врховен претходно донесе начелно правно мислење дека СЈО не е овластен тужител за предметите кои ги презеле од редовното обвинителство, по 18 месеци од добивање на „бомбите“, што беше искористено како аргумент во жалбите.

За ослободувањето на Камчев и останатите осомничени во Империја засега нема коментар од СЈО. Од таму велат дека се уште не ја добиле одлуката на Врховен.