Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
По повеќе од пет години од масакрот кај Смилковското езеро, Врховниот суд денеска ќе одлучува по жалбата на одбраната на шестемина осудени во случајот Монструм кои добија доживотни казни затвор за петкратното убиство.
Седницата е закажана откако одбраната пред околу една година ја обжали пресудата на Кривичниот и на Апелациониот суд. Масакрот кај Смилковското езеро се случи на 12 април 2012 година кога беа убиени четирите момчиња: Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски и рибарот Борче Цветковски.
Кривичниот суд во 2014 година ги осуди шестмината обвинети на доживотни казни затвор, а двајца од осудените, кои се осудени како директни извршители на убиствата, сè уште се на Косово и не се екстрадирани во Македонија.