Времето понеделнички


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Обачното време ќе не следи и во понеделник. Повремено ќе има слаби врнежи, пред се на повисоките места во источниот крај, односно во осоговијата и малешевијата, каде повремено ќе има слаби врнежи од дожд мешан со снег. Снег ќе има на Кожуф, но не станува збор за обилни врнежи.

Повремено ќе има услови за сосема слабо проврнеување во јужниот дел од земјата, но овие врнежи ќе бидат сосема безначајни. Ќе биде нешто поветровито долж повардарието и во овчеполскиот крај.

Утрото ќе биде малку студено. Минималната ќе во дијапазонот од минус 2 до 3 степени. Максималната температура ја очекуваме помеѓу 8 и 10 степени низ котлините во северниот и западниот крај. Потопло ќе биде во југоисточниот регион помеѓу 11 и 13 степени. На повисоките места максималната нема да надмине 5 степени.

Скопскиот крај очекува облачно и ветровито време. Не е исклучена можноста на кратко да пропрска сосема слаб дожд. Температурата ќе има минимална вредност околу 3 степени, а максимална до 11 степени.