Времето денеска – сончево со мала облачност и слаб до умерен северен ветер


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Времето денеска во земјава ќе биде сончево со мала облачност и со слаб до умерен северен ветер, во попладневните часови ќе има зголемена облачност во крајните западни делови.

Во Скопје, според синоптичарите времето исто така ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер, а температурата ќе биде од 18 до 31 степен.

Во следните неколку дена односно до петок ќе се задржи постабилно и сончево време со пораст на дневните темератури.Во петок времето ќе биде топло, но во западните делови од земјава можна е појава на врнежи од дожд проследени со грмежи. Услови за повремен дожд ќе има и во сабота на повеќе места, но без позначителен интензитет.