Времето денеска: Сончево со мала до умерена облачност


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, особено во источните делови и долж Повардарието. УВ индексот ќе има вредност 8.

Утринската температура ќе се движи од 9 до 16 степени, а дневната од 25 до 34 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, особено во источните делови и долж Повардарието.

Утринската температура ќе достигне до 14, а дневната до 31 степен.

Следува период на претежно стабилно и потопло време. Дневната температура ќе биде во постепен пораст, но ќе се задржи во рамки на просекот за овој период од годината. Утре и задутре ќе има локално зголемување на облачноста и услови за појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.