Времето денеска: Облачно со слаб дожд


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно, во раните утрински часови ќе има локален слаб дожд, а попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Максималните дневни температури ќе бидат во Скопје 13 Целзиусови степени, Крива Паланка и Берово 11, Маврово 7, Охрид и Битола 12, Кавадарци 14, Дојран 17…

Утре ќе имаме сончево време со умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Дневните температури ќе се движат од 10 до 18 степени.

Од вторник времето ќе бие облачно и врнежливо во западните делови од земјата. Дневните температури ќе се движат од 11 до 16 степени.

Променливо облачно и врнежливо во целата земја ќе биде во среда со дневни температути од 11 до 15 степени.