Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во Македонија денес, среда, 17 јуни, ќе имаме променливо облачно време со слаб до умерен, а во југозападните делови повремено засилен ветер од западен и северозападен правец. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.
Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18 степени, а максималната од 16 до 30 Целзиусови степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен северозападен ветер. Попладне и во скопската котлина ќе има локален пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне 28 степени.
Во Маврово максималната дневна температура ќе достигне до 16 степени,Охрид,Крива Паланка и Берово 22, Битола 27, Кавадарци 29, Дојран 30.
И утре времето ќе биде променливо облачно, претпладне со повеќе сончеви периоди. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневните температури ќе се движат од 18 до 31 степен.