Временска прогноза за вториот јулски ден


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Времето во Македонија денес, втори јули, ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Во попладневните и во вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град.

Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 38 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Во попладневните и во вечерните часови ќе има услови за локален краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 36 степени.