Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Вториот ден од април во Македонија носи сончево време со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.
Претпладнето сè уште ќе има повремени врнежи од снег во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Утринската температура ќе се движи од минус 7 до 2, а дневната од 2 до 10 Целзиусови степени.
Во Скопје сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус 1, а дневната ќе достигне до 7 степени. Во Маврово 2, Охрид 6, Битола и Крива Паланка 5, Берово 4, Кавадарци 8, Дојран 9 степени.
Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена, а во источните делови повремено и значителна облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Дневните температури ќе бидат во Скопје 9, Маврово 4, Охрид 8, Битола 6, Крива Паланка 8, Берово 7, Кавадарци 10, Дојран 12.
До сабота утринските температури во поголем дел од земјава ќе се спуштаат под нула, но се очекува на места да се задржи снежната покривка. За време на викендот ќе има локален дожд.