Временска прогноза за среда


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Метеоролошките прогнози за оваа среда предвидуваат топло време со појава на сонце, дожд но и засилен ветер.

Според метеоролозите денес не очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Дневните температури во земјава ќе се движат од 24 до 35 степени целзиусови.

УВ индексот за денес, среда ќе изнесува 8.

Од четврток според УХМР ќе преовладува стабилно и многу топло време со максимални температури кои на повеќе места ќе надминат 35 степени.