Временска прогноза за среда


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Среда ќе ја започнеме со студено утро. Слаба сумаглица ќе има низ котлините во поголем дел од претпладнето, додека ведро ќе биде на повисоките места. Попладне сосема мала облачност ќе има во крајниот јужен дел од земјата.

Студенилото наутро ќе значи минимална температура помеѓу -5°С и -10°С низ котлините и околу -12°С во малешевскиот крај. Температурата ќе има максималната вредност помеѓу 3°С и 7°С низ поголем дел од котлините, а на југ околу 12°С.

Скопскиот регион очекува ведро време, но со препознатливата заматеност на атмосферата. Наутро ќе биде прилично студено со минимална температура која ќе има вредност околу -10°С, додека вредноста на максималната температура ќе биде околу 5°С.