Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Го оставаме зад нас вторник, кој беше прилично пријатен во однос на метео условите на повисоките места. Максималната температура во Лазарополе денеска беше речиси иденична со онаа која УХМР ја измери во Гевгелија, 16,4°С.
Слично ќе биде и во среда. Пријатно и сончево во екот на целиот ден на повисоките места, додека котлините и речние долини ќе го започнат денот со магливо време. Развојот на метео условите ќе биде речиси идентичен како и во вторник.
Приквечер во урбаните средини мирисот на чад само ќе ја најави температурната инверзија, која пак ќе биде предусловот за појава на замаглување по котлините во текот на ноќта. Ветерот повторно ќе биде сосема слаб и ќе дува од југоисток.
Максималната температура денеска ќе има вредност помеѓу 10°С и 14°С низ поголем дел од котлините, а на повисоките места заради сончевото време помеѓу 12°С и 15°С.
Скопскиот регион повторно денот ќе го започне со магливо утро. Околу пладне очекуваме генерално разведрување.
Температурата ќе има највисока дневна вредност околу 12°С.