Временска прогноза за првиот септемвриски понеделник


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Временската прогноза најави дека првиот септемвриски понеделник носи сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне во западните делови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.

Дневните температури ќе достигнат во Скопје и Кавадарци 35 Целзиусови степени, Маврово 26, Охрид 28, Битола 30, Крива Паланка 31, Берово 29, Дојран 36 степени.

Утре времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност, во крајните западни делови попладне со услови за краткотраен дожд и ретки грмежи и дневни температури од 25 до 36 степени.