Временска прогноза за првиот септемвриски ден


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Денеска, први септември, времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност, попладне претежно во северените делови облачноста ќе се зголеми и ќе има појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен, а вдолж Поварадарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната од 19 до 32 Целзиусови степена.

Во Скопје претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне умерено до значително облачно со краткотраен дожд. Преку денот ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 26 степени. Маврово 19, Охрид 25, Битола 27, Крива Паланка 24, Берово 23, Кавадарци 29, Дојран 32.

Утре времето ќе биде ончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец. Дневните температури ќе се движат од 12 до 29 степени.