Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Петок, првиот ноемвриски ден за 2019 година, во Македонија носи утрински температури кои ќе се движи од пет до 10, а дневната од девет до 16 степени.
Во Скопје претежно облачно и постудено со слаби врнежи од дожд. Ќе дува умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до 14 Целзиусови степени. Во Маврово 10, Охрид 16, Битола 14, Крива Паланка 12, Берово 9, Кавадарци 13, Дојран 14 степени.
Во следните денови ќе преовладува претежно облачно време со повремен локален дожд. Од недела ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер и ќе има пораст на дневната температура. Во понеделник под влијание на нов влажен бран се очекуваат врнежи на повеќе места.