Home Актуелно Временска прогноза за првиот мартовски понеделник

Временска прогноза за првиот мартовски понеделник

Денеска, втори март, првиот мартовски понеделник времето во Македонија во раните претпладневни часови во западните делови ќе биде врнежливо, а преку денот насекаде ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен, а во западните подрачја повремено засилен ветер од југозападен правец.

Дневните температури ќе бидат во Скопје 18 Целзиусови степени, Маврово 9, Крива Паланка 15, Берово и Охрид 14, Битола 18, Кавадарци 21, Дојран 20.

Од утре времето ќе биде променливо облачно, попладне и кон крајот на денот со локални врнежи од дожд. Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец, а дневните температури ќе се движат од 13 до 20 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…