Временска прогноза за првиот мартовски ден


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Денеска, први март, времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Во Скопје променливо облачно со услови за слаб краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, а дневната температура ќе достигне до 13 Целзиусови степени. Маврово 6, Охрид и Битола 12, Крива Паланка 11, Берово 10, Кавадарци 14, Дојран 15.

Утре времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на високите планини од снег кои ќе продолжат и преку ноќта. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Дневните температури ќе се движат од 6 до 15 степени.