Временска прогноза за првиот февруарски ден


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Денеска, 1. февруари, времето во Македонија ќе биде облачно, уште од изутрина со врнежи претежно од снег, вдолж Повардарието од дожд и снег, а на југоистокот претежно од дожд. Пообилни врнежи ќе има во северозападните делови.

На повеќе места ќе се формира снежна покривка, а на планините ќе се зголеми. Во северните и западните делови се очекува да наврнат од 5 до 10 см снег, а на северозапад и над 15 см нов снег. Попладне ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 2, а максималната ќе достигне од 0 до 6 Целзиусови степени.

Во Скопје облачно со повремени врнежи од снег. Попладне ќе дува засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне 3 степени. Маврово -2, Охрид и Битола 3, Крива Паланка 1, Берово 0, Кавадарци 4, Дојран 6 степени.

Од среда следува период на стабилно време, во четврток со засилен северен ветер.