Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Последниот понеделник за овој септември во Македонија носи променливо облачно време. На места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Стабилизирање на времето се најавува од среда.
Утринската температура ќе се движи од седум до 14 степени, дневната од 15 до 26 Целзиусови степени.
Во Скопје температурата ќе се движи од 12 до 24 степени. Маврово 15, Охрид 19, Битола 23, Крива Паланка 20, Берово 19, Кавадарци 25, Дојран 26.
И утре ќе имаме променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат пообилни проследени со грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен и северозападен правец.