Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Последниот августовски понеделник во Македонија носи променливо облачно време, претпладне со повеќе сончеви периоди, а попладне претежно во северните делови со услови за локален пороен дожд и грмежи.
Максималните дневни температури ќе достигнат во Скопје 37 Целзиусови степени, Маврово 26, Охрид 31, Битола 34, Кавадарци 37, Крива Паланка 32, Берово 30, Дојран 39 степени.
Утре времето ќе биде променливо облачно, попладне на запад со услови за локален пороен дожд и грмежи. Дневните температури ќе бидат во Скопје 35, Маврово 26, Охрид 31, Битола 33, Кавадарци 36, Крива Паланка 31, Берово 29, Дојран 38.
Од среда повторно ќе имаме сончево време со мала до умерена облачност и дневни температури од 28 до 37 степени.