Home Актуелно Временска прогноза за последниот понеделник во 2020 година

Временска прогноза за последниот понеделник во 2020 година

Последниот декемвриски (истовремено и последен во 2020 година) понеделник времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наутро во источните делови се уште ќе има услови за локален дожд, а на планините на северозапад слаб снег ќе провејува во текот на претпладнето. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 5, а максималната ќе достигне од 4 до 16 Целзиусови степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 12 степени. Маврово 4, Охрид 9, Битола и Берово 10, Крива Паланка 12, Кавадарци 15, Дојран 16.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно и релативно топло време со сончеви периоди и со умерен до засилен јужен ветер, а во крајните западни делови ќе има услови за повремени слаби врнежи.

Во среда кон крајот на денот и во четврток претпладне врнежи од дожд ќе има на повеќе места. За време на новогодишната ноќ се очекува суво и претежно ведро време, во западните делови со мала до умерена облачност.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…