Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Денеска, вторник, 30. ноември, времето во Македонија претпладне ќе биде облачно со повремени врнежи кои и на некои пониски места ќе преминуваат во снег. Во западните делови ќе се формира нова снежна покривка. Повремени слаби врнежи од снег се очекуваат и во делови од скопската котлина.
Попладне врнежите ќе престануваат и ќе настапи постепено разведрување. Ќе дува засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната 3 од 9 Целзиусови степени.
Во Скопје наутро променливо облачно со повремен дожд кој во повисоките делови од котлината ќе преминува во снег. Потоа облачноста ќе се намали. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 5 степени.
Поради продор на студена воздушна маса во текот на ноќта и утре претпладне ќе дува засилен северен ветер, а врнежите од дожд ќе преминат во снег и во некои од пониските места. Во западните делови ќе се формира нова снежна покривка. Поради разведрувањето во среда и четврток утринските температури насекаде ќе бидат негативни.