Временска прогноза за последниот февруарски ден


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Последниот ден од месец февруари времето во Македонија ќе биде претежно облачно, попладне со врнежи од дожд, наместа пообилни. Врнежите ќе продолжат и во вечерните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Во Скопје променливо облачно, попладне и во вечерните часови со врнежи од дожд, а дневната температура ќе достигне до 14 Целзиусови степени. Маврово 8, Охрид и Крива Паланка 13, Битола 15, Берово 11, Кавадарци 15, Дојран 16.

И утре ќе имаме променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.

Во Скопје променливо облачно, претежно претпладне со услови за краткотраен дожд. Дневните температури ќе се движат од 8 до 16 степени.