Временска прогноза за последниот ден од 2018 година


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Последниот понеделник и истовремено последен ден во 2018 година носи претежно облачно со повремен слаб локален снег. Ќе дува слаб ветер од северен правец, а вдолж Повардарието ќе се засилува.

Во Скопје дневната температура ќе достигне 6 Целзиусови степени, Маврово 1, Охрид 5, Прилеп 3, Кавадарци 5, Берово 3, Крива Паланка 4, Дојран 8 степени.

За време на новогодишната ноќ ќе преовладува суво време со умерен северен ветер, а температурата ќе биде околу нулата.

Утре времето ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен повремено засилен ветер од северен правец и ќе предизвика пад на температурата на воздухот.

Од среда се очекува ново наоблачување кое ќе донесе локални врнежи од снег кои ќе ги има и во четврток.